За разлика од претходните неколку недели, кога не беше расположен за изјави, Лукас синоќа се согласи да зборува, но одби да ја спомене неговата поранешна жена Соња, како и новата девојка Бранислава Пашајлија.
Не можевме, а да на почетокот не го прашаме за коментар за силното обезбедување со кое се појавува во последните неколку недели.
„Аца Лукас, па, едно 15 години, оди со обезбедување. Ова сега е црвен аларм! (се смее) Поради вас. Вие новинарите сте толку опасни што морам да се одбранам од вас. (се смее). Без шега, обезбедувањето те брани од луѓе кои секогаш мора нешто да прашаат, не би можел да минам од нив, еден саат ќе ми треба само за да влеза во некој клуб. Мене никој не ме брка, фала Богу, никој не сака да ме убие, никој не сака да ме тепа…“, објасни Аца.
Интересно е дали ќе одам на одмор, како и со кого, сметајќи на тоа дека веројтано ќе отпатувам со новата девојка. Но…
„Крајот на декември, на почетокот на јануари одам на одмор, затоа што преку лето работам. Идам каде што е топло, Малдиви, Сејшели… А, каде оваа година, не знам. Со кого? Многу е веројатно дека оваа година ќе одам сам. Неа да понесам ниту телефон, ќе се обидам да глумам Робинзон Крусо“, изјави Лукас.
Го прашавме дали после сето ова што му се случи ќе подвлече црта, и има ли нешто поради кое се кае.
„Не подвлекувам црта. Сметам дека се во животот се што правев, се што ми се случи, дека беше позитивно. Па и ова негативното не мора да биде позитивно, ако го сватиш на вистински начин. Грешките се прават цел живот, само без врска е ако ги повторуваш. Кај мене во животот ништо не е за заборавање. Ништо не се случило, па да кажам „тоа не ми требаше“, нуиту потрошив време на нешто што не требаше“, искрено зборуваше Аца.
Но, одговорајќи на прашањето дали сега зне кои му се најдобрите пријатели, прилични изненади.
„И јас се занимавам со работа каде е тешко да се одреди кои ти се први пријатели. Имам пријатели, се разбира, но… Сепак мислам дека сам на себе си сум си најдобар пријател. И се разбира, моите деца“, истакна Лукас, не споменувајќи никој од луѓето од естрадата.
Целосното интервју погледнете го на следниот линк: