Во најновото издание од најновата сезона на „Пинкови Ѕвездичките’, настапи македонката Миа Мустафа со “Полско цвеќе” од Тоше Проески. Ова и беше првата песна со која Миа се претстави пред жири комисијата. Може малку го заборави текстот, но одлично се снајде на сцена и се “извади” за грешката во пеењето.
Додека пееше таа не можеше да ги сокрие солзите на сцена. Миа ја отепа “Полско цвеќе”, и ја зацврсти својата вечерна позиција со втората песна – “You know, I am no good”.
„Ти пееш како пејачка која од настап во настап е сѐ поискусна и поискусна. Песната на Тоше ја отпеа со отворен глас, а онаа другата ја пееше во фазон на Ејми Вајнхаус и потполно нѐ убеди дека настапуваш како на сцетска сцена. Облечена си како на доделување на светски награди. Сѐ што е поврзано со тебе е на вистинскиот пат“ – искоментира Леонтина.
И покрај тоа што “Пинковите ѕвездички” повеќе не се емитуваат на македонските телевизии, сепак македонските фанови со задоволство го пратат шоуто преку кабловските оператори и интернет видеата.