По освоеното олимписко злато, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да слави. По финалето тој отиде во ресторанот Ле Сиена во Париз.
Ѓоковиќ се насмевна и им позираше на фотографите кои се собраа пред ресторанот и покажа дека дури и кога излегува го носи својот златен медал.
Новак беше опкружен со пријатели во ресторанот, а му се придружија и некои познати фаци меѓу кои актерот Демсон Идрис и кошаркарската ѕвезда Џејсон Тејтум.
Новак во финалето го победи Карлос Алкараз. Тој веднаш по победата истрча на трибините кај сопругата Јелена Ѓоковиќ и ќерката Тара.
„Ова е можеби најголемиот спортски успех во мојата кариера. Во целосен шок сум. Пресреќен сум затоа што и донесов злато на Србија“, изјави емотивниот Ѓоковиќ по мечот.
Ова е прв златен медал од Олимписките игри во кариерата на 37-годишниот српски тенисер.
Сопругата на Новак Јелена на својот Инстаграм профил објави видео во кое гордо го покажува златниот медал кој Ѓоковиќ го освои на Олимписките игри во Париз.