Лејди Гага ги воодушеви фановите на Тик-Ток откако го заигра популарниот танц од хит серијата „Венсдеј“. Серијата на режисерот Тим Бартон, за само три недели по објавувањето, собори рекорди на гледаност на Нетфликс. Моментално е трета на листата, веднаш под мегапопуларните „Сквид Гејмс“ и „Стрејнџер тингс“, пишува Гардијан.
Покрај тоа што серијата стана многу популарна, на социјалните мрежи се шири предизвик во кој многу фанови, меѓу кои и Лејди Гага изведуваат танц во изведба на главната актерка на серијата, Џена Ортега.
@ladygaga BLOODY WEDNESDAY #fyp ♬ original sound – heyy
Актерката Ортега ја презеде улогата на Венсдеј Адамс во серијата, на која по три недели прикажување и се предвидува голема и светла актерска кариера. Колку порасна нејзината популарност говори и фактот што за само 10 дена по објавувањето на серијата, актерката на својот Инстаграм профил доби дури 10 милиони нови следбеници.
Заедно со Џена, во серијата глумат и други познати имиња. Ѕвездата на „Игра на тронови“, Гвендолин Кристи ја играше главната Лариса Вемс, со Луис Гузман и Кетрин Зета-Џонс како Гомез и Мортисија Адамс.
Чистина Ричи, позната како Венсдеј Адамс во филмот од 1991 година, исто така доби улога во серијата, а има и многу други млади актери. Иако се прикажува повеќе од 20 дена, серијата веќе доби две номинации за Златен глобус.
View this post on Instagram