Македонскиот рапер Александар Петров, познат како Vukas MC, ја објави новата песна In The Stars. Спотот го сними во Чикаго, заедно со раперите Real AP и Tay Glo. Режисер е Шута, видеограф од Чиĸаго, а Дом Ленон е продуцентот.
„Со Real AP и Таy Glo се запознав на хип хоп забава која ја организираше мој пријател. Ми се допадна нивната музика и кратко потоа снимивме неколку песни. Една од нив беше и In The Stars. Real AP е најдоминантен во песната, но и јас пејам на македонски јазик“, ни рече Петров.
Петров е роден во Неготино. Освен што рапува и пее, свири и на кларинет. Најомилени песни му се од Еминем, 50 Сент, Др. Дре, Тупак, Џибит и други.