Актерите Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска ја преработија старата македонска народна песна „Излегол невен Пејо по Шар Планина”.
Аранжманот и продукцијата на песната е на Лазар Аврамовски, кој вели дека преработката на песната за него била предизвик.
„Станува збор за стара македонска народна песна која ја отпеале голем број доајени на македонската народна песна. За мене беше голем предизвик да и дадам сосема поинаква оркестрација и аранжман за да им ја доближам на помладите генерации“, изјави Аврамовски.
Композицијата е надополнета со џез триото, Гоце Стевковски, Горан Гешовски и композиторот Аврамовски, како и гудачки оркестар и академскиот хор Мирче Ацев под диригентска палка на Јасмина Ѓорѓеска.