(Видео) Моника Додева, 15 години живот во инвалидска количка

Петнаесетгодишната прилепчанка Моника веќе петнаесет години е врзана за инвалидската количка. Причина за ова е несреќата што ѝ се случила кога таа била прво одделение и кога возач во алкохолизирана состојба ја удрил, а потоа, раскажува таа, ниту се извинил ниту се интересирал за нејзината состојба. И во целата оваа тажна приказна, возачот, чие име Моника не го откри и покрај тоа што бил виновен, не добил никаква затворска казна или парична глоба.

Таа за утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на „Сител“ реши да ја сподели својата приказна и да раскаже за големиот број тешкотии и пречки со кои се соочувала во текот на својот живот, од тој момент па до денеска.

Моника уште на 6-годишна возраст се соочила со фактот дека повеќе не може да ги користи своите нозе и дека целиот свој живот ќе биде врзана за инвалидска количка. Нејзиниот пат не бил лесен, но, сепак, нејзините насмевка и позитивна енергија може да се забележат на нејзиното лице, а таа е благодарна на тоа што останала жива.

 

 

Scroll to Top