На крајот на минатата година бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, остана без речиси целиот тим. Во падот на авионот во моментите на патување во Колумбија, на финалето на Копа Судамерикана, загинаа 19 фудбалери од бразилските играчи.
Целиот фудбалски свет беше шокиран и им понуди помош на Бразилците да повторно направат тим и да останат во првата лига. Сепак, во давањето на помош, се одвојува еден клуб…
„Единствено Барселона беше со нас од првиот момент. Веднаш ни понудија пари и не повикаа на пријателскиот меч“, изјави претседателот на клубот Плинио Давид де Нес.
Синоќа беше одигран и мечот со Барселона кој го доби со 5:0, а особено ќе се памети почетниот удар кои го изведоа Хелио Нето и Џексон Фолман, двајца од тројцата фудбалери кои го преживеаа падот. Многумина ги расплака сцената кога чуварот Фолман, на кого му беше ампутирана ногата, го изведе почтниот удар, а еден од нив и Алан Рушел, третиот преживеан играч на тимот, синоќа се расплака на тревникот на Камп Ноу.