Познатиот холивудски глумец Џон Кјузак бил нападнат од полицијата за време на протестите во Чикаго, кои настанаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесуваат светските медиуми.
„Не им се допадна што снима запален автомобил, па му се доближија со палките и го удираа. Му викаа да се тргне од тука“, коментираат некои од сведоците.
Кјузак ги снимал немирите додека бил на протестите. Објавените снимки се повеќе од вознемирувачки, а за целата драма, пишуваа светските медиуми.