(ВИДЕО) Принцот Чарлс фатен додека имал телефонски секс „чет“ со Камила – Објавен шокантниот документарец за Дајана

Контроверзните ленти се снимени во 1992 и 1993 година. Во Америка се емитувани 1995 година, но премногу непристојни за да се прикажат во Британија.

Синоќа во Велика Британија, беше прикажан документарецот „Дајана: „Нејзините зборува“, каде се наоѓа и снимката во која таа се тврди дека „Чарлс одби да биде единствениот принц од Велс кој немал љубовница“. Но, големо внимание на јавноста привлече и изјавата на Дајана, во која вели како го слушнала принцот Чарлс дека има секс преку телефон со тогашната љубовница Камила.

Контроверзните снимки се направени во 1992 и 1993 година. Во Америка се емитувани во 1995 година, но биле премногу непристојни да се прикажат во Британија.

Дајана на снимките дури и изјавила дека Чарлс не се одвојувал од неа кога се зпознале, пренесува Мирор.

„Скокна на мене и почна да ме љуби. Беше со мене до крајот на вечерата, и ме следеше како штена. Да, бев поласкана, но и збунета“, изјави таа.

Освен пикантните приказни од брачниот живот на принцезата Дајана, гледачите синоќа имаа можност да ја слушнат приказната и за нејзините работи, но и борбата со булимија.

Многу гледачи го критикуваа Канал 4 дека е наметлив и нечесен, затоа што го емитува овој документарец, пренесува Дејли Мејл.

Секс разговорот на Чарлс преку телефон

 

Принцезата Дајана во еден момент изјави дека го слушнала принцот Чарлс како има секс преку телефон со својата љубовница Камила. Ова тврдење можеше да се слушне на снимката која ја забележа снимателот на BBC.

Според тврдењата на The Sun камерманот, чие име не е откриено, Дајана ја повикала во дворската палата Кинсингтон во март 1997 година.

Во текот на снимањето таа објаснила дека го фатила својот сопруг како разговара со љубовницата додека бил во тоалет.

Оваа снимка не е поврзана со останатите кои ги направи тренрот на говорот Петер Сетелен, и кој синоќа беа прикажани во Велика Британија.

Камерманот дури ги водел белешките за своите снимања па во една прилика забележи: „Ги фати Чарлс и Камила на дело кога ги прислушкуваше неговите повици. Ги опиша како ги слушала нивните телефонски разговори. Во еден момент Чарлс зборуваше и во талетот кога го фати“.

Снимките се направени во фрагменти, а камерманот изјави дека Даја изјавила дека ќе направи се што е во нејзина моќ да Чарлс никогаш не стане крал, пренесе Мирор.

„Сакала да Вилијам го наследи тронот кога кралицата ќе умре. Дајана ја гледа својата моќ преку Вилијам. Имала тука романтична идеја да биде кралица, мајка монарх“, напиша тој.

Дајана наводно на снимката изјавила дека Чарл не го интересирала нејзината врска со Џејмс Хјутон, за кого знаела, додавајќи дека тоа му ја давало слободата.

Камерманот за снимањето плаќал 5500 евра, а тој купил и два мобилни телефони од страв дека тајната служба не го прислушкува.

Не е познато точно местото каде снимките се наоѓаат, а „The Sun“ истакнува дека лентите можеби се запленети во полициската рација на куќата на нејзиниот батлер Паул Барел.

Комплетниот документарец кој е објавен синоќа можете да го погледнете на следниот линк:

Погледнете го трејледот за документарецот:

 

Scroll to Top