(Видео) Публиката не сакаше да си оди од концертот на „Меморија“

By

По 25 години од последниот настап, вчеравечер, „Меморија“ го одржа долго најавуваниот концерт во „Метрополис арената“.

Дека сеуште се „оганот под ѕвездите“, потврдија и тие, но и многубројната публика која дојде да се потсети на нивните безвременски песни.

„Меморија“ во оригиналниот состав, Перо Камиказа, Поце Икономов, Валентино Скендеровски,  Димитар Божиков, Бане Поповиќ  и Сашо Ангелов, направија вистинска ноќ за паметење.

Фантастичната атмосфера. Се редеа безвременските  „Македонија“, „Не барајте вино“, „Оган под Ѕвездите“, „Зошто Боже“….хитови во кои публиката уживаше.

На сцената се појави и Ристо Самарџиев, кои рече дека го доживува најтешкиот момент во неговиот живот.

 

„Ова е најтешкиот момент за мене. Не можам да бидам во публиката со вас, а не можам ни цело време на бината, за да пејам со овој бенд“,  рече Самарџиев пред да почне да ја пее „Дирлада“.

 

Гости на концертот беа Пеце од „Нокаут“ и  рок групата „Зијан“, кои заедно со „Меморија“ ја изведоа незаборавната „Пушти коси“. Тука беа и Мики Јовановски- Џафер заедно со  Гранит Таки ( „Лева патика“) па ја отпеаа антологиската „Неправда“.

Публиката не сакаше да си оди. Постојано бараше „само уште една песна“ , за крај.

По 25 години од последниот настап, убаво беше вчеравечер, да се слуша повторно „Меморија“ во живо.

Љ. Владимиров

 

 

Ќе ви се допадне