(Видео) Слепа девојка го воодушеви жирито на „Америка има талент“: ова е најубавиот момент во мојот живот

Путри Ариани (17) од Индонезија го воодушеви жирито со својот глас на „Америка има талент“ и го доби златното копче од строгиот Сајмон Кауел.

Талентираната млада пејачка најпрво ја изведе својата авторска песна „Loneliness“, а на барање на Сајмон, ја испеа и „Sorry Seems To Be The Hardest Word“.

„Најголем предизвик ми е што луѓето ме гледаат како слепа личност, а не како музичарка. Но, кога пеам, се чувствувам како суперѕвезда“, рекла Путри пред настапот.

„Навистина ангелски глас. Путри Ариани нè освои со својот талент“ – напишаа од AGT, на што Путри одговори: „Благодарам Сајмон и AGT за најубавиот и најнезаборавниот момент од мојот живот. Благодарам што ми ги остваривте соништата. Не знам како да ја изразам оваа радост, ова е навистина магично“.

 

Scroll to Top