Под мотото „Гласни и горди“ денеска се одржа „Парадата на гороста“. Со транспаренти и знамиња стотици луѓе маршираа од Паркот Жена борец кон Стадионот на Армијата во Градскиот парк во Скопје. Ги славеа различностите и љубовта.
„Против христо-фашизмот, против капиталистичка парада“, „Вистинскиот феминизам е вклучувајќи ги транс лицата и сексуалните работнички“, „Братство и единство“, беа дел од транспарентите.
Активистите говореа за нападите кои ги доживувале трансродови лица. Мајка на ЛГБТ дете испрати порака до родителите да си ги прифаќаат децата какви што се.
Маршот помина без инциденти и под силно полициско обезбедување. На маршот се приклучи и министерот за Правда Бојан Маричиќ, кој беше придружуван со лица од обезбедувањето.
Имаше два подвижни подиуми, качени на камиончиња и музика која ги пратеше учесниците.
Одбележувањето на денот продолжи и со кулутрно-уметнички перформанси.