Во селото Новиа де Кордеиро во јужниот дел на Бразил живеат само жени. Ги има околу 600 и сите се на возраст меѓу 20 и 35 години. Локалните мажи од околните градови за нив велат дека биле дами со импресивна убавина. Девојките го напуштаат селото обично кога ќе станат полнолетни.
Мажите пак ги посетуваат за време на викенди.
„Тука единствените мажи се или во брак, или ни се роднини. Одамна немам бакнато маж”, рече 23-годишната Нина и објасни дека девојките од селото ги повикале сите заинтересирани ергени да дојдат да живеат со нив.
„Мажите се плашат да дојдат затоа што не сакаат да живеат на место каде владеат женски правила. А и без нив ни е некако полесно. Сите несогласувања ги решаваме заедно“, рече 49 годишната Росана.
Друга девојка Нина пак рече дека не сака да се заљуби и дека сака да го продолжи животот тука.
„Не сакам да го напуштам селото за да најдам маж. Ако веќе морам да се мажам, барам маж кој е подготвен да го остави неговиот живот и да стане дел од мојот, тука во селото“, рече Нина.