(Видео) Во плакарот на Дејвид Бекам се е по конец и има планирани комбинации облека за цела недела

Документарната серија на Нетфликс за Дејвид и Викторија Бекам ги воодушеви обожавателите на оваа позната двојка, а посебно внимание привлекува поранешниот фудбалер.

Гледачите на серијата со денови ги прикачуваат омилените делови на социјалните мрежи, кои открија нови детали за животот на Дејвид и Викторија.

Многумина беа воодушевени од гардеробата на Бекам, која не само што е полна со кошули, маици, панталони, туку и од редот во гардероберот, фановите велат дека изгледа како во аптека.

Јакни, тексас кошули, џемпери уредно висат една до друга, додека свечените кошули се комбинирани со одела кои висат под нив.

Маиците се наредени во фиоки по боја, но и под одреден агол, така што Бекам не мора да се превртува кога бара нешто.

Посебно внимание привлекува распоредот на облека,  познатиот фудбалер има посебен дел во кој има комбинации кои ќе ги носи до крајот на неделата.

Бекам вели дека ова планирање на облека започнало со тоа што тој ја одбирал својата гардероба за наутро навечер, а потоа преминал на планирање за целата наредна недела.

Фудбалерот дотогаш не сфатил дека е перфекционист, се уверил во тоа кога ја отворил вратата од плакарот со панталони и фармерки. Покажувајќи што има во тој дел од гардеробата, тој патем рече „ох, ох, некој бил тука“. „Дали некој бил овде?“, прашал репортерот, а Бекам потоа почнал да ги поместува закачалките така што тие биле подеднакво оддалечени, навестувајќи дека некој му претурал низ плакарот.

Scroll to Top