(Видео) Возбудлива есен: Објавен трејлерот на новата сезона Марковски

Објавено е најавното видео за втората сезона на ТВ-серијата „ Фалмилија Марковски“, а првите две епизоди на утре (22 август ) премиерно ќе бидат прикажани на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај македонскиот ТВ-проект, дел од програмата Avant Premiere Gala се уште четири балкански серии од висока продукција.

Првата сезона македонската серија ја имаше во 2017 година и наиде на позитивни критики и популарност кај публиката.

Серијата „Фамилијата Марковски“ раскажува за секојдневието на едно просечно македонско семејство. Главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, Владимир Петровиќ, Тамара Ристоска и Петар Петковски, Сања Арсовска и Сашо Коцев.  Режисер на серијата е Даријан Пејовски. И втората сезона ќе има нови осум епизоди, а ќе се емитува од есен.

Scroll to Top