Пејачот Виктор Апостоловски денеска полни 28 години. Роденденот ќе го прослави со голема забава на која ќе го промовира својот втор албум, „Во срцето“.
„Ќе си посакам се што имам испланирано годинава да можам да стигнам да го направам“, рече Виктор во интервју за „Репортер“.
Како некогашен амбасадор на „Дурекс“, ни откри дека многи често морал да дели секс-совети. Оваа работа, со секс советите, стаса веднаш по неговиот настап на музичкото шоу „Македонски идол“, за кое вели дека е незаборавно искуство. Тој со задоволство се сеќава на деновите кога пееше во шоуто и кога преку ноќ, заедно со сите учесници на „Идол“ станаа ѕвезди.
„Да ми кажеше некој ќе се случува такво лудило, немаше да му верувам. Тешко е во Македонија да имаш таква слава, таква еуфорија да се случува, затоа што нема кај да се скриеш. Дојдов до момент да не можам да излезам од дома. Татко ми е по потекло од село Брезово, демир-хисарско, и буквално луѓе од секаде одеа пред куќата кај што е роден и се сликаа со баба ми и дедо ми. Тоа не се опишува,“ ни раскажа Виктор.
За тоа како сам ја создава музиката, зошто не верува во политичките партии, за времињата и популарноста со „Идол“, за сексот и „Дурекс“, за обожавателките што му ги бараа гаќите гледајте го интервјуто.
Андријана Јовановска