Владата не му дозволи на Илон Маск да ја крсти ќерката Прашалник

Светскиот милијардер Илон Маск и неговата бивша партнерка, канадската пејачка Клер Елис Бучер рекоа дека владата не им дозволила да ја крстат ќерката како што сакале тие. Двајцата рекоа дека сакале ќерката да се вика Прашалник, по интерпукцискиот знак. Но, владата тоа не сакала да им го признае.

Пејачката објасни дека сега на ќерката и го дале надимакот Y или „Зошто“.

„Сега е Y или Зошто?. Радозналост, вечно прашање и слично“, рече Клер.

Слична ситуација настана и кога го добија синот, кого сакаат да го крстат X Æ A-12, но според законот во Калифорнија, биле присилени да му го променат неговото име во X Æ A-XII.

 

 

 

Scroll to Top