Влатко Стефановски растури на Охридско лето

Вчера во рамките на Охридско лето , во Долни Сарај, се одржа голем рок-концерт на кој настапија „Рок-симфонија“ на Камерниот оркестар од Битола заедно со легендарниот гитарист Влатко Стефановски и солистите Михајло Трајковски – Сак, Жарко Јакимоски и Боби Мојсовски.

„Задоволен сум што сум дел од овој проект. Ме поканија да учествувам заедно со овие млади. Верувам дека ова е само почеток на една соработка која може и да потрае затоа што навистина се многу вешти, многу подготвени, многу талентирани, и гудачите, и ритам-секцијата, а посебно пејачите кои се навистина фантастични. Материјалот е рокенрол, рокенрол-лектира и рокенрол-литература, која добро им е позната на сите така што навистина уживав , вели Влатко Стефановски. Тој вели дека има голем респект кон фестивалот Охридско лето, кој трае шеесетина години . „ Без Охридско лето не знам како би изгледал Охрид во лето. Знаеме што е туризам, ама ова е нешто друго. Со задоволство бев дел од оваа голема манифестација“, вели Стефановски

Scroll to Top