Водителка на „Пинк“ тешко повредена во сообраќајка

Водителката на српската телевизија „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ, утрово околу шест часот се здобила со тешки телесни повреди по доживеаната незгода кај белградската болница „Драгиша Мишовиќ“.

Како што пренесуваат српските медиуми, Деа имала сериозни повреди на раката по сударот што настанал меѓу два градски автобуси и три автомобили. Веднаш била пренесена во најблиската болница, а нејзината состојба е ризична.

Очевидците кои се нашле на местото на несреќата велат дека прво дошло до судар меѓу патничкото возило кое го управувала Деа со друг автомобил. Водителката излегла на тротоар за со другиот возач ја провери и утврди направената штета. Додека водителката стоела на тротоарот на неа налетал градски автобус.

Нејзиното момче, новинарот Младен Мијатовиќ, вели дека се слушнал со Деа и дека верува дека лекарите ќе направат сè што е во нивна моќ за да ѝ ја спасат раката.

„Сè уште ја немам видено, но се слушнав со неа. Сакам да кажам дека полицијата одлично си ја заврши работата, исто како и лекарите. Се надевам дека на крајот сè ќе се заврши во најдобар ред“, изјавил Младен Мијатовиќ.

Деа веднаш била пренесена на VMA, а лекарите нејзината повредена рака ја ставиле на лед и се обидуваат на сите начини да ја спасат. По тешката сообраќајка, водителката се наоѓа во операционата сала, каде што лекарите даваат сè од себе за да ги санираат повредите со кои се здобила водителката.

Интервенирале три екипи на итната помош. Во несреќата уште три лица се здобиле со потешки повреди. Тие, како Деа, веднаш биле префрлени во болница. Засега причината за сударот ја истражуваат службите, од каде велат дека најверојатно настанала поради лизгање на патот.

Очевидци велат дека водата што се излеала од пукнатата водоводна цевка на улицата каде што возеле автобусите замрзнала, па поради тоа биле принудени да користат алтернативен пат.

Професор Дарко Мирковиќ вели дека во неговата болница биле примени три лица, од кои две со тешки повреди. Една жена се наоѓа на интезивна нега со тешки повреди на екстремитетите.

 

 

 

Scroll to Top