Загрижени фанови ѝ викнале полиција на Бритни дома да ја проверат дали е добро

Откако го избриша профилот на „Инстаграм“, Бритни Спирс ги исплаши фановите кои и викнале полиција дома за да ја проверат дали е добро. Ова не е првпат пејачката да го избрише профилот на „Инстаграм“, а од полицијата рекоа дека пораките ги добиле од загрижени граѓани кои мислеле дека е во опасност.

Не открија детали за тоа дали разговарале со пејачката и дали е добра. За потсетување, Бритни неодамна предизвика сцена во ресторан во кој вечерала со сопругот Сем Асгари. За момент почнала да вика и да зборува бесмислено. Потоа го смени името на во Ривер Ред.

 

Scroll to Top