Жената која со приказните за атомските бомби живее цел живот – Хирошима и Нагасаки и се врежаа во паметењето

By

Секој од нив има различни приказни во завистност од тоа колку тој ден бил во близина до епицентарот и колку бил тешко повреден. Но, она што на сите нив им е заедничко, е тоа што имале потреба да ја раскажат својата приказна, и да ја пренесат на генерациите потоа.

Во текот на втората светска војна, светот беше речиси пред распад. Државите биле измачени со борбите, војниците страдале на фронтовите, а бројните цивили умирале во страшните логори. По капитулацијата на Германија и Италија во 1945 година, Јапонија била единствената држава која продолжила да се бори. По одлуката на американскиот претседател Хари Труман, на јапонските градови Хирошима и Нагасаки, на 6 и 9 август, фрлени се атомски бомби и светот се промени од корен.

Наредбата ја извршиле американските бомбардери, и тоа беше првото бомбардирање во историјата, извршено со користење на нуклеарно оружје, а самиот негов чин и понатаму е контроверзен.

Последиците биле страшни, речиси се беше збришано за момент, голем број на луѓе настрадаа, а уште поголен број беа сериозно повреди и со последиците од тој настан живеат и ден денешен.

За овој страшен чин кој и се случи на Јапонија, во книгата „Бомбите над Хирошима и Нагасаки“, пишува и норвешката спасителка и филолошка Ана Хелена Теле.

Таа во нејзиното интервју говореше за истражувањето на оваа тема, причините и последиците, ставовите но и лекциите кои треба да ги примениме во иднина.

„Фрлањето на атмоските бомби на Хирошима и Нагасаки, се најстрашниот настан во модерната историја. Што вас ве инспирираше да истражувате на оваа тема?

„Пораснав во Јапонија во Кјотоу и бев дете кога за прв пат ја посетив Хирошима, со своето семејство. Подоцна патував во Хирошима на школски излети, така да приказната за атомската бомба беше во мојата свест речиси целиот живот.

Кога почнав да студирам јапонска книжевност на факултет, ме заинтересира начинот на кој денеска се зборува за атомската бомба низ литературата и популарната култура.

„Во книгата се споменува дека не се знае точниот број на луѓе кои настрадале во овие настани. Дали денеска може да се утврди точниот број или никогаш нема да дознаеме колку луѓе загинаа тогаш?“

„Мислам дека бројот на жртви кои денеска се споменува е прилично прецизен. Но, поради тоа што цели семејства настрадаа, и поради тоа што поголемиот дел од јавните документи се изгубени, затоа што во Хирошима имаше доста луѓе кои престојуваа таму привремено, и голем број на странски работници, и затоа што цели семејства се евакуирани, нема точни податоци за колку луѓе навистина имаше во Хирошима тој ден.

„Опишете ни ги најстрашните податоци до кои сте дошле во текот на своето истражување“.

„Ова е многу тешко прашање, затоа што овие работи се страшни од повеќе различни нивоа. Но, мислам дека приказните кои оставија најсилен впечаток, се всушност приказните на луѓето кои не успеаа да им помогнат на своите сакани, кои мораа да гледаат како им умираат децата, родителите, пријателите“.

„Дали сте имале можност да зборувате со луѓето кои го преживејаа овој настан? Какви се нивните приказни, како тие го опишуваат тој ден?

„Да, ја имав таа привилегија да разговарам со преживеаните во повеќе различни прилики. Секој од нив има различни прикзани во зависност од тоа колку тој ден беа блиску до епицентарот и колку беа тешко повредени. Но, она што на сите нив им е заедничко, е тоа што имаа потреба да својата приказна ја пренесат на новите генерации.

Се разбира, слични се и по тоа колку сликите од тој ден до ден денешен им останале во сеќавање. Како што ми рече еден од преживеаните во Нагасаки: „Атомската бомба не е нешто што ми се случи пред 70 години, тоа е нешто со кое што живеам секој ден“.

„Дали мислите дека вистината е далеку пострашна од она кое на нас сите ни е познато, дека САД ја држеа Јапонија под окупација, до 1952 година, а во текот на тој период стана цензура? Многу податоци се држени под клуч или уништени. Колку цензурата уште повеќе наштети и на онака веќе ужасниот настан?“

„САД внимателно ја бележеа целокупната штета, како на уништената инфраструктура, така и во бројот на настрадани, но нивните податоци не беа достапни до јавноста, многу долг период. Но, верувам дека тие информации денеска се достапни, и доколку внимателно истражите, можете да видите каков е ефектот кој го произведе атомската бомба.

„Во својата книга велите дека властите во Токио им требаше 24 часа да разберат што всушност во нивната земја се случи и колку ситуацијата е сериозна. Дали повеќе луѓе можеа да бидат спасени на време, и дали им се овозможува адекватна помош?“

„Не мислам дека тоа ќе направи некаква голема разлика. Дури и да знаеле за се, неколку часа претходно, никој всушност не ги разбирал последиците од атмоската бомба, а одговорот на бројните изгореници и радијацијата не беше адекватна“.

„Дали жителите во Хироишма и Нагасаки веќе однапред беа осудени на смрт, со оглед на тоа дека атмоската бомба неше новото оружје чии последици не можеа да се предвидат?“

„Мислам дека САД одлучија да ја фрлат атомската бомба за да го тестираат своето ново оружје. Така да би можеле да кажеме дека тука жителите „беа осудени на смрт“. Од друга страна, тоа што Нагасаки стана мета беше целосна случајност, со оглед на тоа дека оригинална мета беше Кокура. Нагасаки стана мета само поради временските услови“.

„Како гледате на оправдувањата, затоа што атомската бомба е употребена? Во книгата пишувате дека постојат неколку теории: Дека атомската бомба е употребена за да се заврши војната, дека Јапонците не би се предале без тоа, дека бомбата е фрлена, за да Американците ја зацврстат својата позиција на Пацификот. Која од овие теории ви е поверојатна и што според ваше мислење била вистинската причина?

„Не мислам дека бомбата е употребена за да се заврши војната и мислам дека американските тајни служби, знаеле дека Јапонија е на чекор од предавање. Мислам дека постоеше желба да се оди чекор пред СССР, и да се превземе водечката позиција на Пацификот.

Но, исто така верувам дека бомбата е употребена затоа што ја направија, и затоа што беше достапна, и подготвена за употреба. Бомбардирањето на цивилите беше тактика која се користи за време на војната, само со помали конвенционални бомби“.

„Во времето пред Втората светска војна, Јапонија ги водеше освојувачките војни и пороби многу земји во своето опкружување. Многу мал број на луѓе, ја сакаа Јапонија во тоа време. Дали е можно да оваа земја, плати висока цена за своите воени постапки?“

„Да. Мислам дека улогата која Јапонија ја играше пред атомската бомба, беше оправдување да се употреби ова страшно оружје“.

„Народот во Јапонија слепо му веруваше на својот цар и многу војници се тренирани да се борат до последниот здив. Според вашето пишување, поедини семејства извршија самоубиства само за да не би стигнале во рацете на Американците, кои сега ги окупираат. Дали е возможно да целокупната нација беше жртва на погрешни политики и дали сите се изманипулирани од страна на еден човек на кого слепо му веруваа – својот цар или „бог“, како што го нарекуваа?“

„Масовните самоубиства се случуваа во Окинава, каде американските трупи и слетаа. Јапонците се учени дека Американците се страшни варвари, кои ќе си силуваат нивните жени, и некои семејства, првично избрале самоубиство, отколку да се препуштат на таквата страшна судбина.

„Мислам дека е фер да се каже дека Јапонците биле изманипулирани со пропагандата дека на некој начин биле жртви на својата влада. Индоктринацијата почна во раните години, а школите беа посветени на обожувањето на царот“.

„Последиците од овие настани беа страшни, и Јапонците веќе ги чувствуваат до ден денешен. Какви животи подоцна водеа преживеаните? Многу од нив дури биле и дискриминирани поради своите болести. Зошто народот беше така суров?“

„Мислам дека дискриминацијата на жртвите се случуваше поради стравот. Луѓето мислеле дека нивните болести се заразни и дека можат да се пренесат на идните генерации. Луѓето на почетокот немале претстава што всушност претставува атомското оружје. Затоа многу од преживеаните се соочувале со тешкотии по војната.

Хирошима и Нагасаки не беа единствените градови кои беа уништени поради бомбардирањето. Речиси сите поголеми градови во Јапонија беа целосно уништени. Статистиката покажува дека опоравувањето сепак течело бавно, во двата града кои биле погодени со атомска бомба“.

Подоцна доста се зборуваше за атомското и нуклерано оружје за да се подигне свеста за тоа. Но, имаме и пример во текот на Студената војна, дека се „шепотело“, за ова оружје во политичките пораки меѓу СССР и САД. Дали тоа беше неодговорна политика со оглед на тоа што се слуи во непосредното минато?

„Мислам дека приказната за нуклеарно оружје во текот на Студената војна, од реално оружје со кое се убивале цивили прерасна во апстракно одмерување на моќта на овие две нации. Никогаш нема да ја разберат логиката на „балансирана моќ“, иако можам да видам некоја рационалност во тоа, само ако се заборави на тоа што нуклеарното оружје всушност е, и што може да предизвика“.

„Дали мислите дека светот би бил подобро место без нуклеарно оружје, и дали во тоа би можеле да успееме ако ги здружиме силите? Кој е вистинскио пат? Тоа е некој начин на наша должност, или како што во книгата сте нагласиле тоа е одговорност на сите нас“.

„Да верувам дека светот без нуклеарно оружје би било подобро место за сите нас, а вистинската насока би била да ја забраниме употребата на биохемиско оружје, и касетните бомби. Истовремено, идеалистата во мене сака да верува дека е можно да се замисли свет без нуклеарно оружје, но и свет каде сите нации се здружуваат за да ги елиминираат сите причини на војната – сиромаштијата, гладта, недостатокот на образование и слично“.

 

 

Како целата оваа приказна влијаеше на вас лично, и какви впечатоци остави?

„Приказната за Хирошима и Нагасаки влијаеше многу лично на мене, со оглед на тоа што настанот се случи во Јапонија, во земјата каде пораснав и земјата која ја сакам многу. На мене влијаеја оние лични приказни кои ги учев низ литературата, популарната култура, филмот и личните средби кои на мене оставија длабока трага.

„Дали мислите дека нешто слично би можело да се случи и во иднина, со оглед на тоа дека светската политика во последните години е прилично нестабилна, и мислите ли дека ги научивме лекциите од минатото?

„Понекогаш се плашам од иднината, но истовремено и се надевам дека сме ги научиле лекциите од минатото. Понекогаш мислам дека вистинската причина зошто повторно не сме виделе некој да користи атомска бомба, е таа што таа е користена во текот на Втората светска војна.

Тогаш ги видовме сите нејзини последици и мислам дека ќе биде тешко да некои светски лидери ја оправдаат новата употреба на атомската бомба. Затоа мислам дека е важно да зборуваме за приказните за атомската бомба за да го сочуваме сеќавањето на луѓето кои живееле во Хирошима и Нагасаки.

 

Ќе ви се допадне

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39 at website https://animeflix.nl animeflix weathering with you

My Hero Academia 2 Episode 25 at Funimation funimation sign in