(Видео) Србинка натера стотици луѓе во Англија да играат оро на „Македонско девојче“

Учесниците на фестивалот „Шамбала“ во Велика Британија играа оро на народната песна „Македонско девојче“. Мари Лон, Србинка која живее во Англија, сподели видео како учи стотици луѓе да играат ора на балканска музика за време на фестивалот.

Фестивалот е со традиција и секоја година се одржува во август, во Нортамптоншир, Англија.

„Сестра ми поттикна стотици луѓе да танцуваат балкански танци на познатиот фестивал Шамбала во Велика Британија. Толку сум горда на Мари Лон што ја сподели нашата прекрасна култура ширум светот“, објави нејзината сестра Ана Микиќ.

Scroll to Top