Фудбалските легенди во Катар му одадоа почест на Синиша Михајловиќ

На ревиалниот натпревар во Доха фудбалските легенди му одадоа почест на славниот фудбалер Синиша Михајловиќ, кој почина вчера на 53. години во болницата во Рим, пренесуваат светските медиуми. Тие пред средбата со едноминутно молчење му оддадоа почит на Михајловиќ, а на дресовите на сите беше испишан бројот 11, како и името Синиша.

Роберто Карлос, Марко Матераци,  Кафу, Кака, Тоти, Деј Пјеро, Занети, Кистијан Вијери, Трезеге и уште многу други имиња од фудбалот, како и  претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му одадаоа почест на Михајловиќ. 

Многубројните фудбалски клубови кои вечера ги одиграа своите пријателски натпревари, меѓу кои Лацио и Милан, натпреварите ги започнаа со минута молчење.

Српскиот фудбалер и тренер по долга и тешка борба со леукемијата, почина на 53 години.  Михајловиќ од 2019 година се бореше со леукемија.

Scroll to Top