На листата на улици што магазинот „Тајм аут“ ги прогласи за најинтересни, улицата Велингтон во Монтреал е на првото место, а најмногу претставници на листата има САД, која вклучува 33 улици.
Оваа година „Тајм аут“, брендот за медиуми и угостителство што објавува локални водичи за некои од најинтересните градови во светот, го објави својот втор годишен преглед на најкул улици во светот.
Повеќе од една населба, една улица, може да ја дефинира културата на градот.
„Нашата листа на најкул улици во светот ги вклучува клучните улици што локалните жители, вклучувајќи ги и нашите стручни уредници и соработници, препорачуваат да ги пешачите“, рече Џејмс Менинг, уредник за патувања на „Тајм аут“.
Годинешниот попис има 33 улици, три повеќе од првото истражување во 2021 година. Исто така, има неколку нови градови, вклучувајќи ги Тајпеј, Мумбај и Атина.
Прва на листата е улицата Велингтон, во населбата Верден во Монтреал. Уредничката на Тајм Аут Канада, Лаура Озборн, вели дека улицата има убиствени коктел барови, ѕвездени места за закуски, некои од најдобрите сендвичи во градот, па дури и градската песочна плажа, и дека ќе биде само за пешаци од 2023 година, што ќе педизвика повеќе поени за оваа улица.
САД имаат најголем број улици на листата – Calle Ocho во Мајами, улицата McDougal во Њујорк дом на омилениот коктел бар на сите времиња Данте и Wentworth во Чикаго.