Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој во моментов го носи дресот на „Милан“, открива кое е значењето на тетоважите што ги има истетовирано на неговото тело. Ги има во голем број, а во интервју за The Sun открива за дел од нив и нивното значење.
View this post on Instagram
На зглобот на десната рака има тетоважа позната како „шифрата на Ибрахимовиќ“, односно има датуми на раѓање на сите машки членови од неговото семејство. Татко му Шефик, покојниот брат Шапко, другиот брат Александар и деновите кога се родени неговите два сина Максимилијан (9) и Винс (8).
Бидејќи има голема почит кон различните религии, на десното рамо го има истетовирано Јант Прајао Као Нироте, кој бил будистички свештеник.
На горниот дел од десната рака, Ибрахимовиќ ги има имињата на неговите два сина со арапски фонтови.
На горната лева страна од грбот Ибрахимовиќ има истетовирано риба, која е синоним за сила и храброст.
Тетоважата на стомакот има порака која Златан ја истетовирал: „Само Господ може да ми суди“. За оваа тетоважа, Ибрахимовиќ изјавил: „Можеа да пишуваат што сакаат во весниците за мене, да врескаат што било од трибините. Не можеа да ме нападнат. Само Господ може да ми осуди!“, изјавил Златан.
На десната страна има истетовирано црвен змеј кој ја покажува неговата воинствена личност и доаѓа од јапонската култура.
На левиот зглоб Ибрахимовиќ овде ги има датумите на раѓање на неговата мајка Јурка и сестрата Санела.
На левиот бицепс го истетовирал името на неговата мајка Јурка, со арапски фонт.
Ибрахимовиќ во автобиографијата „Јас сум Златан“ признава дека мастилото за него станало како дрога. На почетокот тој се противел на тетоважите, но признава дека сепак се нашол во искушение.
View this post on Instagram