Фановите оваа недела ја одбележуваат 50 години од смртта на Брус Ли. Тој почина на 20 јули 1973 од алергиска реакција на лек против болка. Роден во Сан Франциско во 1940, но детството го поминал во Хонгконг. Тука почнал да глуми уште како мал, а во тинејџерсските денови почнал да тренира бокс, танц и кунг фу. На 18 години се вратил во САД за да студира. Тука учел и други боречки вештини и развил сосема нова форма – џет кун до. Освен филмската кариера, тој разви и филозофски начела кој привлекуваа помалку внимание.
„Техниките и филозофиите на џет кун до можат да се применат како во вистинска борба. Џет кун до се состои од физички техники и применети филозофии и бара од поединецот да се обучи во најкултивираната состојба на своето постоење“, пишува на сајтот на фондацијата „Брус Ли“.