Италијанката Анунзијата Мурџија, која никогаш не завршила средно поради Втората светска војна, на 90 години се запиша во вечерно училиште за да добие диплома. Таа е најстарата жена во класот во наменет за деца од ниско средно образование.
Анунзијата редовно оди на настава во училиштето што се наоѓа во близина на нејзината куќа на Сардинија.
„Сакам да учам, тоа секогаш ми се допаѓаше. Но, кога изби војната, сѐ се смени. Морав да одам на работа, бидејќи моето семејство се мачеше и морав да се жртвувам. Во тоа време можеа да учат само оние што имаа пари“, рекла таа за италијанските медиуми.
Мурџија изјавила дека научила да шие кога била мала и дека станала шивачка. Но, читала многу книги, па учела сама, секогаш кога можела. Нејзините страсти се историјата и музиката:
„Отсекогаш сум ги сакала историските книги, а с сум доживеала добар дел од историјата за која се пишува во книгите, ги видов последиците од Првата светска војна и ја преживеав Втората“, вели Мурџија.
İkinci Dünya Savaşı nedeniyle eğitim alamayan İtalyan Annunziata Murgia, diploma almak için okula geri döndü.
90 yaşındaki Murgia, ortaokul diploması için okula giden en yaşlı insan oldu. via @t24comtr pic.twitter.com/5mjPnZ5TGo
— Vaziyet (@vaziyetcomtr) April 13, 2022
Најмладиот соученик на Мурџија има 16 години. Полагањето на испитот кој вклучува тестови по италијански јазик, литература и математика е неопходно за да напредува во високото средно образование кое завршува во Италија на 18 години.
Марина Пилија, професорка по училишна литература, ја опиша Мурџија како многу страстен и ангажиран ученик:
„Иако има потешкотии со слухот, а и пред неколку дена не беше во најдобра форма поради пад, таа активно учествува во наставата, особено по историја“, рекла Пилија.
Училиштето главно се занимава со образование на возрасни. Просечната возраст на учениците во класот на Мурџија е 40 и повеќе години, од кои некои се подготвуваат и за диплома.
„Често се работи за жени кои сакаат да го продолжат образованието по раѓањето на децата или пак се луѓе кои никогаш не се стекнале со диплома и им треба за работа, бидејќи тоа е минималниот услов“, додала Пилија.
Последната личност од возрасната група на Мурџија која полагала во ова училиште била 87-годишна жена, но во 2016 година.
Мурџија вели дека нејзините учители се фантастични, а дека нејзините соученици ѝ се како внуци.
„Некои ме отпратуваат дома навечер, кога е темно“, рекла таа и додала: „Спремна сум за следниот испит. Ќе дадам сè од себе“.