Актери од инклузивен ансамбл глумат во филмот „Чудата во земјата на Алисите“

Заврши снимањето на филмот „Чудата во земјата на Алисите“ со актерска екипа од 17 актери од инклузивниот ансамбл „Трисомија 21 Скопје“.

Станува збор за краткометражен филм кој е прокет на Колектив Ветерница.

Филмот се снимал четири дена во Македонската Опера и Балет, а монтажата на филмот ќе ја работи „Троика студио Скопје“.

„Алиса“ е црно-бела визуелна наратива која влегува во еден надреален свет на ликови кои се во непрестан конфликт со сите околу нив, а најмногу со себе. Филмот патува од лик до лик, го трансформира својот протагонист од сцена во сцена, чувствено го раздразнува со тајфата хористи кои си поигруваат со Алисите, за на крај секој на свој начин да открие како да се ослободи од личното стаклено ѕвоно.

Фото: Јелена Белиќ

Scroll to Top