Доколку не ви се допаѓаат прегласните и комерцијални места, каде поради бројноста на туристите има гужва и врева, на вашата листа треба да го ставите Алберобело, автентично гратче на југот на Италија.
Овој мал град со само 10.000 жители ќе ве освои на прв поглед со својот неодолив шарм, живописните улици и многу необична архитектура.
View this post on Instagram
Првенствено е познат по градбите со уникатна архитектура, исклучиво од неправилни камења, кои се нарекуваат труло, а потекнуваат од 17 век.
Освен белите куќи со необични покриви, она што ќе ве воодушеви се живописните улици полни со цвеќиња и автентични италијански сувенири, прекрасен поглед каде и да свртите и секако многу топлина и сонце, како и уживање во одлична италијанска храна и добро вино.