Александар Волкановски во прегратка на таткото Тоде откако стана светски шампион

Тоде Волкановски од битолското село Бернаци, му ја честиташе титулата светски шампион во УФЦ на син му Александар Велики Волкановски. Александар го победи Јаир Родригез од Мексико и по петти пат го одбрани шампионскиот појас во категоријата до 66 килограми.

Борбата во Парадајс во Лас Вегас траеше само четири минути и 16 секунди, а беше прекината по серијата удари од Волкановски. За потсетување, ова е неговата 26 победа во кариерата. Има и два порази, а последниот беше крајно контроверзен од Русинот Ислам Махачев во категоријата до 70 кг.

Scroll to Top