Атлетичарка доби менструација среде триатлон: Се молам тоа да не е кога се натпреварувам, но овој пат се совпадна

Фотографија од атлетичарка неодамна привлече големо внимание на социјалните мрежи. Ема Палант-Бран стана хит, но не затоа што заврши на четвртото место на триатлонот PTO European Open на Ибица, туку затоа што доби менструација за време на трачањето. Ема носеше розов едноделен костим за капење, па не беше тешко да се забележи менструалната крв на него.

Нејзин колега, кој исто така се натпреварува на триатлони, ја сподели фотографијата од Ема и напиша: „Ова не е најпривлечна фотографија од Ема, сигурно можеле да ја сечат малку подобро“.

Неговиот Twitter пост брзо се распространи и го привлече вниманието на британската атлетичарка, која му возврати:

„Фала за твојата грижа, но јас не се срамам да зборувам за ова, бидејќи тоа е реалноста на жените во спортот. Менструација ми доаѓа секој месец и има денови кога е многу обилна. Се молам тоа да не е кога се натпреварувам, но понекогаш тоа се совпаѓа. Без разлика каков тампон користам, ниту еден не издржува повеќе од 3 часа. “.

Подоцна, Ема ја објави фотографијата на својот профил и напиша :

„Ги славиме неверојатните жени во спортот и еднакво неверојатните мажи кои ги поддржуваат. Поласкана сум од бројот на пораки кои ги добив и од мажи и од жени за негламурозната реалност на натпреварувањето за време на менструација.“

Scroll to Top