Автомати со бесплатна храна кои автоматски се отклучуваат во случај на земјотрес или друга природна катастрофа се поставени во јапонскиот град Ако.
Два вакви автомати биле поставени во градот кон крајот на март за да се тестираат. Автоматите може да ги користат граѓаните за да купат храна и пијалаци, но доколку се случи природна катастрофа, производите ќе може да се подигнат бесплатно.
Во секој од автоматите има околу 300 шишиња пијалаци и 150 прехранбени производи. Во простор кој е приврзан за автоматите има и санитарни производи.
Машините се отклучуваат автоматски кога се испраќа наредба за евакуација поради природна катастрофа. Поставувањето на автоматите е резултат на соработка помеѓу градот и фармацевтската компанија „Ерт корп“.