Баерн Минхен е казнет затоа што на вработените им давал помалку од минималната плата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен ќе мора да плати 200.000 евра казна заради прекршување на правилата за минимална плата. Дополнително мора да платат и уште 45.000 евра камата. Ова го изјавија од главната царинска канцеларија во Минхен, која издаде наредба за конфискација.

Од клубот вработувале луѓе во младинската академија со скратено работно време. Им плаќале по 450 евра месечно од ноември 2016 до ноември 2021. Вработените работеле повеќе часови од договореното, додека клубот им исплаќал помалку од минималната плата.

Со тоа клубот ги прекршил правилата за социјално осигурување. Од Баерн Минхен одговорија дека биле преземени мерки уште есента 2020 година за да се спречи исплата на плата помала од минималната.

„Никогаш не ни беше намерата да не исплаќаме заслужени плати на нашите вработени“, рекоа од клубот.

Scroll to Top