Балерина од град се пресели во село: молзе крави, прави путер и е популарна на социјалните мрежи

Хана Нилман е поранешна балерина која живее на село со сопругот и седумте деца. Хана ја извршува целата работа без проблем, а освен на семејството, таа е посветена и на животните кои ги одгледуваат.

Хана произведува домашна храна, се грижи за животните како и нејзиниот сопруг Даниел кој е сточар. Таа ги молзи кравите, готви, пере и е многу популарна на социјалните мрежи Инстаграм и Ти ток, каде ги споделува своите активности.

Семејството Нилман се опишуваат себеси како градските луѓе кои станале ранчери. Хана била професионална балерина која студирала во престижниот Џулијард. Таа претходно била и Мис на Њујорк, па дури и ја освоила титулата Мис Јута 2021 година, додека била бремена.

„Даниел и јас пораснавме како градски деца. Бевме фасцинирани од животот на фармата додека живеевме во странство во Бразил поради работата на Даниел. Додека повеќето од неговите колеги во Бразил одеа на плажа за време на викендите, ние одевме во внатрешноста на земјата, восхитувајќи се на земјоделството“, пишува на нивната веб-страница.

Тие сонувале да одгледуваат животни, а потоа донеле одлука да одат на село и да изградат сопствена фарма.

„Така, по четири години во Бразил, се вративме на село, купивме земја и се роди „Балерина фарма““, се вели на страницата.

Во меѓувреме, тие ја создадоа својата веб-страница и го развија својот бизнис. Од нив може да се купат локални производи, како месо, колачи, овошје, зеленчук, па дури и цвеќиња. Интересно е и тоа што целото семејство е вклучено во процесот на производство на производите што се нудат на продажба, со што Хана е особено горда.

Scroll to Top