Граѓаните и денес од раните утрински часови се собираат пред училиштето во Врачар, каде оставаат пораки за поддршка, палат свеќи и плишани играчки.
Посебно потресна слика која се појави во медиумите е балетнаки оставени да висат на оградата пред училиштето.
„Тоа едно парче обувка многу зборува – сведочи за неостварениот сон на девојката на која насилно и бил одземен. Тој пар чевли припаѓале на стапалата на идната балерина и нивното место не требало да биде на темната метална ограда, опкружена со цвеќиња и пламени од свеќи за оние кои повеќе не се на овој свет“, напишал новинарот на Телеграф.
За потсетување, вчера загинаа осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, а уште седум беа повредени кога во нив пукаше 13-годишен ученик од тоа училиште, кој беше уапсен.
Фото: Никола Томиќ/Телеграф