Бебето кое се роди под урнатините на зграда по земјотресот што ја погоди Сирија сега има шест месеци и расте во семејството на неговите посвоени родители во Џиндерис, Сирија.
Бебето се уште било врзано за мајка си за папочната врвца кога спасувачите го извлекле од урнатините, 10 часа по земјотресот.
Во земјотресот загина целото семејство, чии тела беа пронајдени на излезот од урнатата зграда. Се претпоставува дека мајката го родила бебето под урнатините, а потоа починала.
Вработените во болницата на девојчето му дале име Аја, што значи чудо или дар од Бога. Меѓутоа, нејзините посвоители ја прекрстиле во Афра.
Девојчето е посвоено од нејзиниот братучед Калил ал Савади и таа сега живее и расте со неговото семејство и децата.