Сириски бегалец стана градоначалник на германскиот град Остелсхајм, со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто од гласовите.
Дваесет и девет годишниот Рајан Алшебл, кој побегнал од Сирија во 2015 година, се кандидирал како непартиски кандидат за градоначалник на Остелсхајм во југозападната сојузна покраина Баден-Виртемберг.
На 21-годишна возраст, Алшебл побегнал од својот роден град Сувејда во јужна Сирија. Според асоцијацијата на општини на Баден-Виртемберг, досега на изборите за градоначалник немало други кандидати со сириско потекло.
На изборите во неделата, Алшебл ги победи непартиските кандидати Марк Штраус и Матијас Феј.