Островите во Грција кои традиционално се најпосетени во лето се Тасос, Скијатос, Крф, Крит, Кефалонија, а многумина сонуваат и за Санторини и Миконос. Парос е сè уште неистражен остров за туристите, има толку многу плажи што не може да се посетат за време на просечен одмор.
Парос се наоѓа на половина пат помеѓу Атина (200 км) и Бодрум во Турција, во непосредна близина на Наксос, од кој го дели канал широк 8 км.
Предноста на ова место е што е идеално за млади луѓе, за семејства со деца и за парови. Секој ќе си најде нешто за себе.
Парос има нереален пејзаж со планини, долини и ридови. Парикија и Науса се главните села на Парос и се најнаселени. И двете се состојат од стари делови, тесни улички со мали бутици, бели куќи со свежо цвеќе, а повремено ќе забележите класичен син покрив и црква.
Дефинитивно има многу барови и салони на островот, па ноќниот живот не смее да се пропушти. Во текот на ноќта главните села Парикија и Науса се преплавени со луѓе од сите возрасти кои уживаат во рестораните и баровите на островот.
Островот е мал со добро асфалтирани патишта и неколку села до кои е многу полесно да се стигне со автомобил наместо да се потпирате на јавен превоз и да плаќате многу скапи возења со такси.