Поранешниот шеф на Формула 1 Берни Еклстоун, го смести едногодишниот син Ејс во тркачки автомобил во Сао Паоло. Тој рече дека многу е веројатно тој да продолжи по неговите стапки.
Со сопругата, потпретседателката на ФИА Фабиана Еклстоун, тие ја посетија патеката Интерлагос во Сао Паоло, каде што гледаа интересна трка.
„Првото искуство на Ејс во тркачки автомобил во Интерлагос“, рече Фабиана.
Ејс позираше со слушалки зад воланот, а Берни му асистираше. Добија убави коментари од фановите.
„Одлична фотографија. Ејс е пресладок. Прекрасно искуство. Вистински професионалец уште од мали нозе“, им напишаа тие.
Берни неодамна рече дека сега има повеќе време да помине со семејството и се надева дека ќе помине многу време со синот и кога тој ќе порасне. Тој откри дека наскоро Ејс би можел да добие брат или сестра.
„Не знам дали ќе останеме само на него“, рече Еклстоун.
За потсетување, Берни покрај синот има и три ќерки. Неговата најстара ќерка Дебора има 66 години, а ја доби со првата сопруга Иви Бамфорд. Со Славица Радиќ има две ќерки, Тамара (37) и Петра (33).