Бил Гејтс е во врска со седум години помлада колешка и вдовица

Еден од најбогатите луѓе на светот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, е во врска со седум години помлада колешка и вдовица Пол Херд, пренесоа светските медиуми. Херд е вдовица на бившиот директор и претседател на Oracle Corporation, Марк Херд, кој почина од рак во 2019 година на 62 години.

Гејтс и Херд последен пат се видени заедно минатиот месец на турнирот Laver Cup 2022 во О2 Арената во Лондон. Двајцата го сакаат тенисот и често одат на тениските турнири низ годината. Заедно се повеќе од година дена, а за врската знаеја само најблиските.

Во јануари беа видени на романтична прошетка во Сиднеј и уживаа во погледот на мостот Харбор и Сиднејската опера. На прашање на новинарите од „Би-би-си“, дали повторно ќе се заљуби рече дека не е робот и дека сигурно еден ден ќе најде нова љубов.

За потсетување, Гејтс се разведе во 2021 година од Мелинда, со која 27 години беше во брак. Во септември година претходно го загуби и татко му.

„Допрев некои од најниските точки во мојот приватен живот во последните неколку години. Тоа се смртта на татко ми и разводот од сопругата. Мелинда и јас ќе продолжиме да ја водиме нашата фондација, најдовме нов работен ритам со кои сме задоволни двајцата. Но, не можам да речам дека оваа година не беше тешка и тажна за мене“, рече Гејтс.

Scroll to Top