Постарите браќа на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, Немања и Страхиња, се сретнаа со холивудскиот актер Џек Николсон по поразот на Лејкерси од Денвер.
Српскиот кошаркар го предводеше Денвер до победа над Лос Анџелес Лејкерс од 119:108, а неговото семејство го гледаше и навиваше од трибините. Покрај сопругата Наталија, тука беа и неговите постари браќа Страхиња и Немања, кои веќе неколку години се препознатливи лица меѓу навивачите на Денвер.
Особено станаа популарни по тепачката на Јокиќ со кошаркарот Морис, кога и двајцата беа подготвени да се вмешаат, а потоа сагата продолжи на социјалните мрежи. Оттогаш нема никакви инциденти, но понекогаш се случува да станат од местото и да викаат по судиите.
Еден таков момент се случи и со навивач на Лејкерс и тоа еден од попознатите, холивудската ѕвезда Џек Николсон. Актерот ги посетува натпреварите на Лејкерси повеќе од три децении и има специјално седиште покрај теренот, а по паузата во плеј-офот се врати во салата за да му донесе среќа на својот тим.
Лејкерси никогаш не биле поразени кога Николсон ги гледал. Јокиќ овој пат ја прекина таа мала традиција, а Страхиња и Немања по мечот имаа средба со Оскаровецот. Средбата ја опиша американски новинар Вик Ломбарди кој рече дека Николсон не бил особено среќен по разговорот.