„Брејк а лег“ се новите европски шампиони во хип-хоп

Најуспешниот македонски хип-хоп клуб „Брејк а лег“ освои три титули на Европското првенство во хип-хоп на кое учествуваа над 1.800 танчери од 21 земја од Европа. Тие се новите европски шампиони во категорија хип-хоп бет за деца и возрасни и европски вицешампиони во категорија деца формации, во конкуренција на 11 репрезентации.

Следен предизвик за танчерите од хип-хоп клубот, кој брои над 400 членови, е Светското првенство кое ќе се одржи во Австрија.

„Брејк а лег“ заедно со „Ит д бит“ се организатори на Европското првенство во џез-модерен и класичен балет, па наскоро најдобрите танчери од Европа ќе дојдат во Македонија.

Scroll to Top