Британецот Тони Гарнет заедно со неговата сопруга Лорна, ја примила Софија Какадим, бегалка од Украина, во нивниот дом, а таа по само 10 дена успеала да им го растури бракот, пишува британски „Сан“.
Тони кој живеел во Брадфорд во западен Јоркшир, сега вели дека се заљубил во 22 годишната Софија и дека сака со неа да го помине остатокот од животот. Софија која побегнала од Лавов, место во западна Украина, рече дека веднаш се заљубила во Тони кога го видела.
Семејството сакајќи да направи добро дело, ја прифатиле Софи како своја, а Тони рекол дека ја направил вистинската работа кога првпат ја видел на „Фејсбук“ страницата каде се нуди сместување за бегалците.
Софија работи како ИТ менаџерка, а во Манчестер стигнала откако со недели чекала во Берлин да ѝ се одобри виза за Велика Британија. Тони рече дека тој и Софија брзо развиле врска.
Тој говори и словачки јазик и вели дека така можеле полесно да се разберат. Неговата сопруга не можела да ги разбере за што тие зборувале, а како минувале деновите, Софија сè повеќе се зближувала со Тони. Тие разговарале во тератана и во неговиот автомобил.
„Кога бевме дома баравме изговори за да се допираме и флертуваме, но, ништо повеќе од тоа се немаше случено во таа фаза. Жал ми е. Јас не го планирав ова, но иако се случи сосема невино, предизвика голема кавга дома. Како ние двајцата сè повеќе се зближувавме, мојата сопруга Лорна стануваше сè повеќе и повеќе љубоморна и почна да ме прашува зошто Софија постојано ме следи“, рече Тони.
Работите се комплицирале по големата кавга која се случила меѓу Софија и Лорна. Украинката ѝ рекла дека повеќе не може да живее под ист кров со неа.
„Ако таа си оди, си одам и јас“, ѝ рекол Тони на својата жена. Тој потоа ги спакувал куферите и се преселил кај неговите родители, а во моментов бара место за живеење.
Тони и Лорна биле заедно десет години, а за само десет дена со Софија, нивниот брак завршил. Тој вели дека се чувствува лошо за тоа што го направил, но вели дека Лорна не е виновна за тоа.
„Никогаш немавме намера да направиме вакво нешто, не е тоа нешто што го планиравме и не сакавме да повредиме никого“, рече Тони.