Британскиот портал „Мани“ направи анализа на над 26 милиони хаштази на Инстаграм, поврзани со плажите ширум светот. Со цел да се добијат што е можно подобри резултати, собирани се податоци од април оваа година.
Според корисниците на социјалните мрежи, ова се петте најдобри плажи во Европа.
Тропеа, Италија
Тропеа претставува класично италијанско одморалиште, кое се наоѓа на Тиренското море. Оваа плажа уште ја нарекуваат и „Costa degli Dei“, односно Брег на боговите, што ја прави омилена дестинација кај туристите и локалното население. Плажата е опкружена со дрматични карпи кои ѝ даваат уште повеќе шарм.
Навајо, Грција
Оваа плажа ја нарекуваат уште и плажа на бродоломите, а благодарение на добрата промоција, Навајо важи за една од најпознатите плажи на светот. Белиот песок, остатоците од бродот и околкните карпите ја прават плажата незаборавна.
Праја до Камило, Португалија
Таа е можеби и една од најпознатите плажи во Португалија. Златниот песок, кристално чистата и азурна вода се дел од причините зошто туристите се навлекуваат на неа. Морето е прилично плитко и исклучително чисто, а самата вода не е студена.
Кала Саона, Шпанија
Тука туристите имаат можност да се сончаат и капат сè до 21 часот, кога зајдува сонцето. Овде може да ги видите најубавите зајдисонцата, барем така велат, бидејќи сонцето и морето тогаш добиваат илјада нијанси.
Маргејт Бич, Англија
Плажа Маргејт е дефиниција за традиционално британско летувалиште. Речиси е безвременска, а особена атракација се штандовите со морски плодови, како и бројните ресторани и барови сместени на самиот брег.