Деветгодишно девојче нападнато од пума додека кампувало со своите родители

Деветгодишно девојче од Вашингтон преживеало напад од пума, додека си играла криенка со уште две деца додека била на кампување со своите родители во округот Стивенс, Вашингтон.

Таа скокнала да ги изненади своите пријатели кога пумата ненадејно ја нападнала, се вели во соопштението од Одделот за риби и диви животни во Вашингтон.

Лили со хеликоптер била пренесена во болница каде итно е оперирана поради рани на лицето и горниот дел од телото. Лекарите ја интубирале и 9-годишното девојче било во кома до понеделникот наутро. Лили сега закрепнува и покрај повредите кои се нанесени на нејзиното лице од страна на животното.

Пред инцидентот на Лили, во државата Вашингтон имало два фатални напади со пума врз луѓе во минатиот век кои предизвикаа повреди.




		
		
			
Scroll to Top