„Дип парпл“ вечерва ќе имаат концерт во Скопје

Еден од најголемите рокенрол бендови на сите времиња, „Дип парпл“, вечерва ќе одржи концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Тие пред македонската публика ќе ги испеат своите легендарни песни Smoke on the water, Hush, Strange kind of woman, Highway star и уште многу други хитови што го одбележаа нивното 50-годишно постоење на сцената, но и песните од новиот албум Turning to crime.

„Критиката е едногласна дека како времето проаѓа, така овие музичари сè подобро и подобро свират во живо. Навистина е ретка можност во една сезона да ги видиме и ‘Дип парпл’ и ‘Вајтснејк’ во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата, заедно со концертот на ‘Пласибо’, во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период“, велат организаторите „Авалон продукција“.

Концертот на легендарниот бенд требаше да се одржи на отворено на стадионот на АРМ, но поради најавеното невреме, организаторите минатата недела ја сменија локацијата во „Борис Трајковски“.

Scroll to Top