Додека сите воведуваат ВАР-технологија за фудбалските натпревари, Русите ја укинуваат

Додека сите сакаат да ја воведат ВАР-технологијата во фудбалот, Русите сакаат да ја укинат, пренесоа руските медиуми. Една од најсилните фудбалски лиги која е 10 во Европа во моментов е приморана да се откаже од оваа технологија.

Тие ќе се откажат и поради бирократијата, но и големиот број грешки и забелешки на тренерите. Рускиот портал „Sport Ekspres“, пренесе дека постои голема шанса да се раскине соработката меѓу Фудбалскиот сојуз на Русија и компанијата Hawk-Eye Innovations Ltd.

Оваа компанија е лидер во полето на ВАР-технологијата. Во тој случај Русите ќе мораат да пронајдат нов провајдер за ВАРтехнологија, а тоа не се договара преку ноќ велат експертите. Па така ВАР-технологијата во Русија или ќе се ограничи на некое време или трајно ќе се отстрани.

Компанијата која во моментов ја снабдува Премиер лигата во Русија е од Велика Британија и ја основаше јапонскиот „Сони“, па проектот е осуден на пропаст поради политиката, не толку поради самиот спорт.

Освен нив, уште четири компании од Белгија, Хонгконг и две од САД имаат ФИФА сертификат, но не е лесно да се дојде до нив. Така најрано на есен 2023 година повторно во Премиер лигата на Русија би можеле да видиме ВАР-технологија, ако дојде до каков било договор.

 

 

Scroll to Top