Домагој Нижиќ ќе го глуми Дражен Петровиќ во филмот „Нешто посилно од мене“

По 30 години од смртта на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, неговиот лик наскоро ќе заживее на големото платно. Филмот ќе го режира  Данило Шербеџија и според сценариото на Иван Турковиќ-Крњак филмотќе се вика  „Нешто посилно од мене – приказната за Дражен Петровиќ“. Дражен ќе го игра младиот актер Домагој Нижиќ (25), кој дипломирал на актерска академија во Сараево.

Кога дознал дека ќе го игра кошаркарски Моцарт, бил во продавница во Љубушки и прво со неверување ја прифатил веста. “Тој е пример за сите млади луѓе, не само за спортистите, туку и за луѓето, како треба да се живее и како со одрекување и голема одговорност се доаѓа до врвот.  Мислам дека таа убавина што тој ја постигна ни ја остави на сите нас. Ова е наследство што сите треба да го живееме со генерации“, изјави Нижиќ за РТЛ и додаде дека како актер и поранешен одбојкар и кошаркар се труди да го следи примерот на таквите луѓе.

Во филмот улогата на мајката на Дражен, Бисерка, ја толкува актерката Зринка Цвитешиќ, а Нижиќ вели дека е почестен што му била дадена таква можност.

“Со многу верба, надеж, љубов и самопожртвувана работа, ќе се обидам да ја применам неговата личност во мојата работа со тренинзи за да се надевам дека ќе можам да го претставам Дражен во актерството – рече тој. Еден сантиметар е висинската разлика меѓу Нижиќ и Петровиќ, а како што објасни младиот актер добро ќе му дојде спортското искуство. Дополнителен поттик му дадоа позитивните реакции по средбата со семејството на Дражен Петровиќ.  Дури сега гледам дека навистина треба да се има трпение во животот како што имаше Дражен – заклучи Нижиќ.

Scroll to Top