Два милиона фана на „Аквамен“ бараат Амбер Херд да биде отстранета од филмот

Фановите на филмот „Аквамен“ почнаа петиција со која бараат Амбер Херд да биде отстранета од вториот дел на филмот и до сега собраа два милиони потписи. Петицијата беше покрената уште во 2019 година, а сега повторно стана актуелна, поради судскиот спор меѓу Херд и Деп. Многумина ја предлагаат Емилија Кларк како нејзина замена. Амбер го игра ликот на Мера, еден од главните ликови во филмот.

„Џони Деп ја разоткри Амбер Херд како насилничка. Во неговата тужба вредна 50 милиони долари, Деп опишува многу инциденти на семејно малтретирање што ги претрпел од рацете на својата (тогашна) сопруга Амбер Херд, вклучително и еден инцидент кога таа го удрила двапати по лицето и друг кога му го скинала прстот со шише вотка. Прстот морало да го спојат со хируршки зафат. Од тоа ќе ја носи лузната до крајот на животот,“ пишува во петицијата.

„Од разводот со Деп, таа водеше крстоносна војна за да ја уништи неговата кариера во Холивуд, повторувајќи приказни за лажни инциденти во кои таа всушност го малтретирала него, но лажела и создавала лажни наводи дека тој е насилникот. Имајќи предвид дека Амбер Херд е позната и докажана насилничка во семејството, ‘Ворнер брадерс“ и ‘ДиСи-ентертејнмент’ треба и мора да ја отстранат Херд од нивниот филмски проект ‘Аквамен 2’ . Тие не смеат да го игнорираат страдањето на жртвите на Херд и не смеат да гламуризираат домашен насилник. Мажите се жртви на семејно насилство, исто како и жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славење на позната насилничка во забавната индустрија“, стои во петицијата.

Второто продолжение, под целосен наслов „Аквамаен и загубеното кралство“, треба да излезе во 2023 година.

Scroll to Top